Бундес лига одбива вакцинација преку ред

Деновиве беше актуелна дискусија во Германија за тоа професионалните играчи да добијат преднос при вакцинацијата за заштита од Ковид. 



Бундеслигашките ракометари нема да се вакцинираат како приоритетна група. Шефот на Бундес лигата, Уве Швенкер ја заокружи дискусијата со одбивање на ваквата можност. 

„Вакцинацијата на населението е процес за кој е потребно време, систем и ред. И во моментов има луѓе и професионални колективи што се позависни од вакцинацијата отколку професионалните спортисти“, изјави Швенкер во интервји за германски медиум. 


Quelle: https://www.handball-world.news/o.red.r/news-1-1-1-129942.html
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk