Калуѓеровиќ: Металург е име, среќен сум што сум овде

Металург денеска одново ќе ги одмерува силите во Плоцк, против екипата на Висла. Првиот меч заврши со голема разлика во полза на домаќините, очекуваме денеска да биде подобро за Металург, од едноставна причина што не веруваме дека и Висла откако измери со каков противник игра, ќе има повеќе ротации во составот. 

Лошо е за Металург што нема да го има Велко Маркоски во тимот, тој се повреди на првиот меч. Ќе има ново име, Василије Калуѓеровиќ, тој треба да го освежи малку нападот, но нема да може да ја пополни празнината што ја остава Маркоски.

Но, за да биде подобро Металург не може да чека на Висла, туку треба сам да ја одработи задачата денеска. Натпреварот се игра со почеток од 18:45 часот. 



„Голем проблем е тоа што не сме комплетни и што ги имаме сите тие проблеми со короната. Тоа многу ни одмага, но се надевам дека денеска ќе имаме подобра игра и дека ќе и помогнам на екипата да избориме подобар резултат.
Тешко е да се одигра цел натпреавр само со седум играчи без замена. Многу е тешко да се патува и да се игра, згора на тоа, но сепак, треба да се издржат овие два натпревари во три дена.
За мене е чест што денеска ќе дебитирам за Металург и ќе дадам се од себе за играта да биде што подобра. Кратко време сум заедно со тимот, но мислам дека брзо ќе се вклопам. Би сакал сезонава да направиме успех во домашното првенство. Во Металург сепак има играчи кои одиграле многу натпревари, има искуство има се. Металург е име во Европа, секој знае за Металург “ , вели Калуѓеровиќ.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk