ЛАЗАРОВ: Останувам активен, ќе поставиме повисоки цели

Македонија денеска доби нов селектор на машката сениорска репрезентација. Кирил Лазаров седнува на жешкото столче во момент кога Македонија е во период на промена на генерации, но и на добар пат за учествува на следното ЕП. 



Многу важен момент што доаѓа заедно со назначувањето на Лазаров за селектор е што тој останува активен играч. И тоа не само до јуни, туку покажа желба да игра уште една сезона. 

„Останувам активен ракометар. Би сакал да одиграм уште една сезона, но тоа уште не е дефитнитивно. Се надевам дека наскоро ќе можам да одговорам и на тоа прашање“, изјави Лазаров. 

Додека е активен, Лазаров ќе биде на терен во дрес да ја води екипата. Тоа е исклучително важно, особено во пресрет на дуелите со Финска и особено Швајцарија. Тогаш мораме да бидеме најдобри за да се пласираме на ЕП 2022. Ако успееме во тоа, понатаму ќе биде полесно. 
Но, први со кој ќе се соочи Лазаров како селектор се старите познаници, односно светските прваци од Данска! 

„Данска ми е како судбина, уште од 2012 година.  Сега и тренерска кариера почнувам со нив. Имаме план, ЕХФ неделата почнува на 8 март. Со Нант завшрувам на 3 март против Веспрем, од следниот ден веќе ќе бидам на располагање. Ќе направиме план и со РФМ за да ги искористиме што е можно повеќе од деновите  на располагање. Мораме да поставиме повисоки цели, само така можеме да одима напревар. Секој ден ни е важен за да воведеме нов систем на игра. Наскоро ќе го обајвам списокот на 35 играчи како и мојот стручен штаб“, додаде новиот селектор.


Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk