ВЕСТИ: Нов пех за Хрватите, СП Египет како отскочна штица...

Издвојуваме неколку (по)важни вести од светскиот ракомет...



Што се случува кога ќе одиграш добро на СП?  Ќе си добиеш договор со клуб од Бундес лига. 
Големата австриска надеж Лукас Хутечек одигра одлично на мундијалот во Египет и наградата стигна од Лемго. Овој 20 годишен талент од редовите на Фајверс Маргаретен потпиша двегодишен договор со бундеслигашот што за жал почнува од јуни, па Металург ќе си има проблеми со него во следното коло од Европската лига. 

Голем проблем има ППД Загреб и следствено Хрватска. Пикерот Марин Шипиќ има повреда на зглобот на рамето и ќе мора на операција што ќе го оддели од теренот во следните 4-5 месеци. Шипиќ нема да игра во квалификациите за ОИ, но и во Токио доколку Хрватска се пласира. 
Ден претходно беше стана официјално дека и Лука Степанчиќ поради повреда на Афиловата тетива нема да игра во олимписките квалификации. 

Сабине Јакобсен, шведската ракометарка која е член на Ростов Дон, објави дека веќе нема да игра за репрезентацијата на Шведска. Честите повреди ја натераа да ја прекие репрезентативната кариера. Таа последен пат за Шведска играше во 2019 година. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk