Нора Морк пак се повреди

Нора Морк во солзи, со болна гримаса и бандажирано колено го напушта теренот. Тоа е сцена што се повторува секоја година. Се повтори и годинава. 



Не мина ниту еден месец откако потпиша нов договор со Вајперс Кристијансанд, на Нора Морк одново и се заканува пауза. 
На средбата со Ростов Дон од Лигата на шампионите, малерозниот норвешки играч држејќи го коленото на десната нога, со болна гримаса и солзи го напушти теренот. 

Првите претпоставки даваа малку оптимизам, дека не е толку страшно и дека коленото е стабилно, но снимањето со магнет ќе биде утре, по што ќе се знае точно за што се работи. 

Нора Морк има 10 операции на колената, но секогаш дури и кога докторите и пријателите и сугерираа да се откаже, успеваше да најде мотив и сила за да се врати на терен. И да стане одново и одново... 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk