Новиот хрватски селектор го соопшти својот прв избор. Одбра екипа што во квалификациите за ОИ Токио ќе игра против Франција, Португалија и Тунис.
Хрвоје Хорват одбра тим од 21 ракометар со кој ќе се бори за пласман на ОИ Токио за нешто повеќе од еден месец. Во составот на Хорвар се најдоа и двајца ракометари што играат во Македонија. Иван Чупиќ од Вардар 1961 и Златко Хорват од Металург.
Но, иако со игрите во Е. Пелистер јасно се промовираше во прв играч и најдобар стрелец на битолчани во Европската лига, во составот го нема Стипе Мандалиниќ, со што Хорват продолжи таму каде што застана Лино Червар, барем кога е овој играч во прашање.
Во тимот на Хрватска има двајца повратници кои долго време имаа проблеми со повреди и пропуштија многу сезонава. Тоа се Домагој Павловиќ централниот бек на Мелзунген и Лука Степанчиќ од ПИК Сегед.