Николај Орис доби клупа со пиво

Николај Орис јануари го мина во дресот на репрезентацијата на Данска на мундијалот во Египет. Заедно со новата ѕвезда Матијас Гидсел функционираше перфектно, особено во финалето против соседите од Шведска. По мундијалот, стигна и до јубилеј во дресот на Бјерингбро Силкеборг. 



Николај Орис по мундијалот го одигра натпреварот број 500 за екипата на Бјерингбро Силкеборг. Јубилеј со кој не можат многумина да се пофалат, барем не со настапи за еден ист клуб. 

Бјерингбро Силкеборг не му остана должен на својот ракометар. За јубилејот, Орис доби посебен подарок. Клупа во соблекувалната на клубот со изгравирана благодарница и специјална преграда за складирање на пиво. 

foto> tv2.dk

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk