Охрид вклучи кадети во првиот тим

Вклучувањето на помлади ракометари во првиот тим не е непознаница или нешто ново во македонскиот ракомет на клупска домашна сцена, иако по слабиот настап на репрезентацијата на СП, би сакале тоа да се претвори во кампања за производство на домашни играчи. 



По слабиот настап на македонската репрезентација на мундијалот во Египет, стана видлива потребата веднаш, веќе во продолжението на сезоната многу поголемо внимание и повеќе шанси да играат ќе добијат помладите играчи и да ги „притиснат“ не толку постарите колеги и да им ја расипат комоцијата што во моментов ја имаат во репрезентативниот дрес. 

Веќе го имаме Металург кој на сцената ги вади Петковски, Митиќ, Брестовац, а сега уште еден клуб со висок рејтинг во суперлигашката група  објави дека шанса да ќе им даде на кадети и јуниори. 

Тој клуб е Охрид, еден од претендентите за висок пласман и излез во Европа на тројца млади играчи покрај играњето во своја возрасна категорија им понуди и место во првиот тим за кое секако ќе мора да се изборар. 

Стружанецот Славчо Шулески дојде од Голден Арт КЛ7, а од кадетите во првиот тим е прекомандуван Владимир Наумовски, додека нов договор доби Михаил Ивановски. 
Раде Стојановиќ ќе им даде шанса во првиот тим, но најголемиот дел од работата ќе мора да го завршат самите. Ќе видиме како ќе се снајдат, ќе го следиме сезонава нивниот развој. 

foto: ohridnews.com

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk