Се (по)јави ли Максимов, Русија почнува да губи

Интересна била денешната средба на членовите на ИК на Руската ракометна федерација. За жал изостана големото финале, затоа што директно посочениот за мешањето во тренерската шема - Владимир Максимов, не беше присутен. Тој е со екипата во Шпанија, но не бил ни онјалн присутен, иако имало таква можност. 



Затоа, пак, претседателот на федерацијата, Сергеј Шишкарев, во обраќање до медиумите не пропушти да каже што му лежи на душата. 
На прашањето кој тоа се мешал во тренерската работа на селекторот Велимир Петковиќ, Шишкарев одговори:

„Тоа беше Владимир Максимов. Имам потврда дека им се јавувал на играчите и 'разгова
Ние одиграме натпревар со Словенија што беше можеби најдобриот што Русија го одиграла во последните 15 години. По јавувањата од Максимов, нашата игра се распадна. Погледнете го на пример Димитри Кисељов. Против Словенија имаше 5/5, потоа не шутна на гол.
И ова не е прв пат. Колегите се сеќаваат дека на СП 2005 под водство на Анатолиј Драчев, Русија лесно го освои првото место во групата. Потоа дојде Максимов и веднаш си ги спакувавме куферите. 
Истото се случи и во 2015 на јуниорското првенство во Екатеринбург. Русија стигна до 1/8 финале, а потоа дојде Максимов и се обиде тимот да го води од „терасата“, па нашата игра комплетно се распадна. 

Ќе разговараме со него. За жал, нема други мерки што можеме да ги преземеме освен да стигнеме до договор. Не можеме да му забраниме да разговара со играчите. Тој како тренер има право да разговара и за тактики со играчите, но нема право да менува тактики зад грбот на селекторот“, изјави Шишкарев. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk