Русија има нов селектор

Не беше мала шлаканица за угледот на руската федерација разделбата со селекторот Мартин Амброс среде Европско првенство. Да потсетиме, Русија му врачи отказ на трофејниот тренер на еден меч до крајот на првенството, по само еден пораз. 



Денеска Русија избра нов селектор на женската сениорска репрезентација. Алексеј Алексејев е нивниот избор. Тој беше асистент на Мартин Амброс на ЕП 2020 и ја водеше селекцијата на последниот натпревар на шампионатот на кој Русија ја совлада Холандија. 

Не е никакво чудо ако не сте слушнале за Алексејев досега, иако зад него е 15 годишна тренерска кариера, главно како тренер на Луч Москва (денешна ЦСКА) и Лада Тољати. Неговите асистенти се Олга Акопјан и Томас Главати, а тренер консултант ќе биде - Евгениј Трефилов. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk