Себастијан Скубе, постариот брат на некогашниот вардарец Сташ Скубе, не лето заминува од данската екипа Бјерингбро Силкеборг.
Себастијан Скубе на лето се сели во Франција. Неговиот нов клуб е Шамбери, еден од најпознатите француски ракометни брендови.
Скубе во 2014 пристигна во Данска од редовите на Целје и генерално е познат по изјавите дека Данска за него е најдобрата земја во светот. Затоа и чуди помалку што се сели во Франција, но на 33 годишна возраст секоја понуда од звучно име е добредојдена.
Повозрасниот Скубе не играше на СП Египет. Тој прво ја прифати понудата на Врањеш за кам бек во националниот тим, но потоа се откажа од таа идејата и остана надвор од мундијалските комбинации.