Нора Морк доби „ѕвезда“ за соиграч

Норвешкиот Вајперс Кристијансанд има „неблагодарна“ задача да го замени славниот Ларвик на домашната и меѓунардоната сцена, а тоа е тешко изводлива задача. 
Но, Кристијансанд одигра два многу паметни потези со кои ќе биде многу опасен тим. 



Откако најтешкиот дел од кариерата и неколкуте сезони минати во рехабилитација, главно на сметка на Ѓер и ЧСМ Букурешт, Нора Морк се врати на сцената и физички здрава и подготвена за игра потпиша за Кристијансанд. 
Неодамна, Морк се договори за продолжување на соработката со овој клуб. 

Но, на Кристијансанд му беше потребен и централен бек, а решението е соврешено - Изабел Гулден, шведската ракометарка станува нов член на „отровниците“. Овие две ракометарки се разминаа во ЧСМ Букурешт, кога доаѓаше Морк си замина Гулден, но тоа што не го остварија Романците, им појде од рака на Норвежаните, иако за Гулден заинтересираност имало и од Данска и од Источна Европа. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk