Нексе донесе големо засилување

Хрватскиот вице-првак и член на сеха-лигата Нексе донесе големо засилување во своите редови на првиот работен ден на новиот тренер. 



На првиот работен ден на новиот тренер на Нексе, Бранко Тамше, во салата се појави и новото засилување за екипата од Нашице - Ален Блажевиќ. 

Овој искусен, 34 годишен бек е еден од најдобрите дефанзивци на Хрватска. Во Нашице се враќа по 10 години  минати на печалба, главно во унгарскиот ПИК Сегед. 
Таму беше еден од столбовите на одбрана со до почетокот на ланската сезона. Тогаш замина од Сегед и се пресели малку на исток, во екипата на Констанца од Романија. 
Овој договор брзо се распадна и Нексе веднаш реагираше и го ангажираше 2 метра високиот дефанзивец со кого без сомнеж нивната одбрана ќе биде поинаква, а екипата далеку посигурна и поопасна. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk