Металург ослабен патува за Чехов

Металург вечерва патува за Русија, каде што ќе одигра натпревар од Европската лига со Чеховски медведи, но составот нема да биде комплетен. 



Металург нема да може да смета на сите свои играчи за дуелот со Чеховски медведи што за два дена ќе се игра во подмосковнието. 
Мице Шилегов е повреден и ќе паузира вкупно еден месец, но има и позитивни играчи што се во изолација, а допрва се очекуваат резултатите од денешното ПЦР тестирање по што ќе биде познат и конечниот список на играчи кои ќе патуваат за Чехов. 

Екипата вечерва, два часа по полноќ заминува од Скопје со лет преку Софија. Утре ќе бидат пристигнати на дестинацијата, натпреварот се игра на 6 февруари. 

Три дена подоцна во Скопје ќе пристигне Тулуз, потоа следи двојно гостување во Плоцк каде полскиот вице-првак Висла, а Европската лига на гости ќе биде заокружена со меч во Виена, против Фајверс закажан за 23 февруари, а дома завршува со Адемар Леон на 2 март. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk