Вардар во змејовото гнездо

Продолжува Лигата на шампионите, Вардар денеска гостува во „Драгао“ домот на португалсиот шампион Порто.



Вардар 1961 денеска ќе биде гостин во „Драгао“, салата на португалскиот првак Порто, на меч од Лигата на шампионите.  Според новата пракса на ЕХФ ЛШ, натпреварите се играат во два термина, 18:45 и 20:45. Вардар и Порто ќе играат во вториот термин. 

ТАБЕЛА:



Вечерашниот дуел е исклучително важен за Вардар, затоа што се работи за меч со директен ривал во битката за место во елиминациите. Постои опцијата и сите екипи да играат елиминации, но во тој случај позицијата на табелтата ќе игра клучна улога, а Вардар во моментов е на последното место, но и со најмалку одиграни натпревари досега. 

Тешко е да се претпостави како ќе изгледаат двата тима денеска. Долгите паузи, карантини, Светското првенство, тоа се делови од една машинерија што им крадеше на клубовите драгоцено време за подготовки, тренинзи, ги трошеше играчите, а сега одеднаш во еден краток период ќе се направи обид да се одигра се што се одложувало со месеци. 
Велиме ќе се направи обид, затоа што нема гаранција дека ЛШ ќе се одигра спред планот. Елверум, клуб од групата на Вардар веќе објави дека нема да има меч со ПСЖ на 11 февруари. Се надеваат дека по 17 февруари Норвешка ќе ги олабави мерките, во спротивно тие нема да играат нити со Вардар, ниту со кој било друг. 



Вардар без Кристијан Дизингер, но со Васко Шеваљевиќ и повторно без Марко Мишевски во тимот за ЛШ замина за Порто. Тоа е составот што играше против Нексе во Скопје.
Алушевски од друга страна можеби немаше време да воигра, но имаше на претек време да размислува за против игра за Порто и нивната 7 на 6 која евидентно во еден период од мечот ќе ја гледаме вечерва. Па така, можеби неизвежбано, останува да се одигра „тоа што е договорено“. 



ДЕНЕСКА ИГРААТ
18:45  Мешков Брест - Флензбург
20:45  Порто - Вардар
20:45  Веспрем - Барса
20:45  Нант - Целје
20:45  Кил - Мотор 

Вардар може да се пофали дека има и нов спонзор. Се работи за компанијата Singular која работи на развој на софтверски решенија за спортско обложување и игри на среќа во дигиталната сфера. Логото на оваа компанија веќе се наоѓа на дресот на црвено-црните.

фото:rkvardar.mk

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk