Колев: Ница е успешна приказна и голем предизвик

Македонија како земја во која ракометот е спорт број еден и по бројот на настапи на големи натпреварувања, барем во машкиот ракомет од бившата Ју-држава е само зад Хрватска, не може да се пофали дека е голем производител на тренери. 
Долго време македонските тренери не играат главна улога ниту во Македонија, а кога станува збор за странство, тогаш на прсти на една рака можат да се избројат тренерите што успеваат да изградат криера. 
Во машкиот ракомет тука и таму и ќе се најде некој, но во женскиот приказната е поинаква. 

Но, Македонија има успешна тренерска приказна што се одвива надвор од границите, во една од најсилните лиги. Марјан Колев ја води екипата на Ница со успех во најсилната француска лига.  Вчера Ница ја извојува шесттата победа по ред во францускиот шампионат, остварување вредно за почит, а Колев како и секогаш расположен за разговор. 



- Ница направи серија од шест победи по ред, дали можеш да го опишеш периодот и како се крена екипата по лошиот старт и колку сте сега блиску или далеку од остварувањето на целта?
Колев: Распоредот на почетокот на првенството не ни даде многу место за победи. Прво коло на гости кај Мец, потоа дома со Брест... на тој меч и покај тоа што водевме 50 минути, на крајот индивидуалниот квалитет пресуди во нивна корист. Имавме и повредени играчи и тоа ја дестабилизираше екипата, влијаеше и на победничиот дух, па така по четиригодишен статус на екипа од Топ 6, е најдовме на 12 позиција. Но, не за долго. 

Како се случи пресвртот?
Колев: На мое задоволство имам екипа што има карактер и тоа го покажа на дело. Многу е важно да се напомене дека и покрај кризата од неколку порази, довербата тренер - играч - тренер беше пресудна за враќање на самодовербата и сега имаме шест победи по ред со што се вративме на нашите стари позиции, а имаме и простор да отидеме и во Топ 4. 
Но, не беше лесно, девојките не се штедеа, сите се вложија максимално и сега можеме да заслужено да се гордееме со постигнатото и покрај лошиот старт. 
Ова ни дава надеж дека повторно ќе играме Плеј оф што на почетокот на ссезоната не беше предвиден од федерација.

- На почетокот на сезоната не беше предвиден?!
Колев:  Да појаснам. Првенството почна со 14 екипи без Плеј оф и Плеј аут. Но, поради епидемијата имаше 14 одложени натпревари и тоа беше причина за промена на натпреварувачката формула. Во декември беше донесена одлука по завршувањето на првиот дел одново да има Плеј оф за првите осум и Плеј аут за другите шест екипи.



- Ница и на почетокот на сезоната имаше играчки промени, колку е променета физиономијата на тимот?
Колев: Во екипата имаше „само“ три играчки промени, што како бројка не е многу, но загубивме некои битни алки. Но, знаејќи дека котурот на екипата е задржан, имавме гаранција за добар континуитет. 

- Можеби не е доволно познато, но Ница има голман од Македонија. Како се снаоѓа, Јована Мицевска таму?
Колев: Јована е играч што секој тренер би ја посакал во тимот. Првенствено се работи за добро воспитана личност, од спортско семејство која веќе на 17 години знаеше што сака. Вреден работник е, и верувам со текот на времето ќе биде и соодветно наградена за вложениот труд. Треба да споменам дека и покрај поискусните интернационалки како Марија Чолиќ и Луцие Сатрапова, Јована добро се снаоѓа и пружа свој максимум. По тешката повреда на Сатрапова, Јована со Чолиќ го сочинуваат мојот голмански пар и тоа одлично функционира. Нејзиното време, допрва доаѓа. 

- Има ли простор во Ница да дојдат и други македонски играчи?
Колев:: Во француската лига има лимит, пет странци. Или шест под услов да се потпише договор со еден или повеќе млади играли од сопствената школа. 
Имајќи го ова правило во предви и економската криза настаната од пандемијата, клубовите се повеќе се ориентираат кон своите млади француски играчи, за кои немаат трансфер трошоци. 
Слободно можам да кажам дека имаме талнтирани играли што јас ги следам од овде, но моменталната оргнизација и финансиска ситуација во клубот нема да ми дозволи на трансфер на македонски играчи. Но, останувам оптимист за во иднина. 



- Колку си лично задоволен таму и дали понекогаш размислува и за работа во Македонија?
Колев: Искрено, ме изненади прашањето, но и ми причини задоволство. Поставено ми е прв пат по 14 години... Согледувајќи го времето на транзиција во кое играв во Македонија, 1994-2005 и политиката на натурализација што беше во преден план... ќе бидам самокритичен и ќе речам дека не успеав да ја комплетирам мојата играчка кариера како што планирав и посакував, а тоа е учество на некое големо сениорско натпреварување. 
Затоа во 2010 си поставив нов предизвик и почнав тренерска кариера, овде во Франција и се надевам дека ќе наликува на играчата, но ќе биде побогата и покомплетна со учество на големи натпреварувања. 
Ако го земеме предвид фактот дека во 2010 почнав од 7-мо натпреварувачко ниво, а веќе во 2016 се најдов и се уште сум дел од најсилната француска лига...Дека во последните три години сум и единствен странец, во поледните четири години редовно во Плеј Оф Топ 6, дека бев вице-првак, а во исто време со буџет деветти клуб... мислам дека најтешкото го поминав. Но, ми останува да напредувам и да се надоградуваме. 



Не го кријам задоволството што работам и успевам овде во Ница, клуб што има големи спортски амбиции, но и финансиски лимит што се чувствува се повеќе и повеќе. Сепак, од семеен аспект најдовме рамнотежа што се уште ме држи да останам овде. 

Едно е сигурно. секој спортист има желба да успее таму од каде што потекнува. Така и еден дел од мене копнее за шанса што ќе му овозможи да ги сподели стекнатите компететнтности и искуства. 
Да не бидам погрешно сфатен, таа прилилка треба да биде поддржана со добар проект и јасна цел.

 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk