Двете репрезентации на Финска имаа закажано квалификациски натпревари во март. Женската репрезентација, денеска се повлече од квалификациите.
Можно ли е сценарио, според кое Македонија би имала еден противник помалку во квалификациите за ЕП 2022?
Можно, можеби и за очекување е таков расплет, откако денеска, Финска објави дека нивната женска репрезентација се повлекува од квалификациите во кои требаше да игра со Португалија и Турција.
Пандемијата на Ковид 19 која не е запрена, за Финците е преголем ризик за да ја испратат репрезентацијата во Турција, па целиот тој турнир е откажан, а Португалија и Турција одат директно во бараж.
Нивната машка репрезентација е во групата со Македонија, Данска и Швајцарија. Тие на 10 и 14 март играат два натпревари со Швајцарија, а потоа во последните две кола на 28 април и на 2 мај ќе играат против Македонија (дома) и Данска (гости).
Финска досега запиша два пораза, од Македонија и Данска и практично е без шанса да напедува кон ЕП. Ако и за мажите важи истото како и за жените, комбинирано со Ковид 19, можно е, иако нема најава, да се повлечат и од машките квалификации.