Maкедонските кадетки на Шампионат во Литванија

Женската кадетска репрезентација на Македонија, на 10 февруари ќе ги дознае противниците во групата за ЕХФ Шампионатот што во август треба да се одржи во Клаипеда, Литванија. 



Македонската кадетска репрезентација во женска конкуренција, ракометарки до 17 години согласно политиката на РФМ во последните осум години да ги испраќа сите репрезентации во квалификации или ЕХФ Шампионати, летово ќе гостува во Литванија. 

Македонија е во третиот шешир и нема да биде во иста група со Белорусија. Според ранкингот, репрезентациите се сместени по следниот редослед. 

ЕХФ ШАМПИОНАТ (У17) - ЛИТВАНИЈА (7-15 август)
ШЕШИР 1: Шпанија и Србија
ШЕШИР 2: Полска и Литванија
ШЕШИР 3: Белорусија и МАКЕДОНИЈА
ШЕШИР 4: Турција и Финска
ШЕШИР 5: Летонија и Косово
ШЕШИР 6: В. Британија

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk