Начевски повторно кандидат за прв судија на ЕХФ

Поранешниот македонски елитен судија, сега активен делегат-контролор, Драган Начевски по трет пат ќе се кандидира за претседател на судиската комисија на ЕХФ. 



Драган Начевски во два манадата беше претседател на судиската комисија на ИХФ и за тоа време се етаблираше како врвен професионалец, вистинска личност поставена на вистинското место. Наскоро следат редовните избори во ЕХФ, на кои Драган Начевски повторно ќе биде кандидат и прв фаворит за позицијата претседател на судиска комисија. 

Против кандидати ќе има. Најмалку еден, поверојатно дека ќе бидат двајца или тројца. ЕХФ не ги објавила комплетните листи за сите позиции што ќе бидат дел од избирачкиот процес. Тоа ќе го стори на 23 февруари. 

Познато е сепак, дека (единствен) кандидат за претседател на ЕХФ ќе биде Михаел Видерер. Долгогодишниот генерален секретар, оди по својот втор мандат како претседател на ЕХФ. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk