Данска ја доби битката за „Брон“

Можеби ви е позната приказната за супер класико на аргентинските клубови Ривер Плејт и Бока Јуниорс. Своевремено, двата клуба биле црвено-бели и решиле да играат меч по кој победникот ќе ги задржи клупските бои, а поразениот ќе го чека првиот брод што ќе пристигне во пристаништето и ќе ги носи боите на тоа знаме. Поразена била Бока, а првиот брод што пристигнал бил шведски. 



Шведска и Данска, вчера, на сличен начин се договорија боите на славниот Оресунд Брон, барем за една вечер, да бидат во знакот на победникот на финалето на СП. 

Мостот „Оресунд Брон“, познатата мега конструкција што ги спојува Шведска и Данска, e симбол на соработката меѓу двете држави, а дополнителна доби слава и од мега-популарната тв серија „Брон“, вчера беше обоен во боите на знамињата на Шведска и Данска. 



Мостот го одбележа финалниот дуел од светското првенство во ракомет во Каиро каде што се сретнаа Данска и Шведска. Битката за злато, а со тоа и за „Брон“, ја доби Данска. Кратко по завршувањето на финалниот меч, мостот ги смени боите и светеше само во боите на знамето на Данска. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk