СП Египет: Бронзата е за Шпанија

ШПАНИЈА - ФРАНЦИЈА  35-29 (16-13)

Шпанија е освојувач на медал на СП. Шпанскиот состав на мечот за трето место ја совлада репрезентацијата на Франција и дома се враќа со заслужена награда. Исто така заслужено, без награда, дома се враќа и некогаш доминантната Франција. 



Шпанија отвори многу подобро и помотивирано. Поведе со 4-0, по седум минути беше 7-2 и најави катастрофа за Французите. 
Но, се вратија избраниците на Гијом Жил во игра. Гол по гол успеаја да стигна и до само минимална негатива, но предводени од денеска феноменалниот Родриго Коралес (18 одбрани) и браќата Душебаев, Шпанија на секој обид на Французите да намалат, враќаше со серија со која се дистанцираше на четири-пет гола оддалеченост. 

Беше очигледно дека и двата тима играат „со сила“, не до мерка да кажеме колку да е одигра, но ја немаше таа жар што ја носи меч што е на се или ништо. 

Шпанија ја одржа разликата, заслужено победи и освои медал, но подвлечено, ова беше само загревање за мечот за злато. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk