Системот на натпреварување, дополнително на дневен ред

Под точка разно, најинтересен момент од собранието беше идејата системот на натпреварување да не се менува. Односно да остане сегашниот формат со кој повеќе клубови би останале во Супер лига, а сехалигашите да се вклучат дополнително во првенството. 

За оваа идеја имаше и за и против, па беше донесена одлука да се формира посебно тело што ќе разговара со клубовите и во разумен рок, до 15 март, да поднесе до УО на РФМ предлог што ќе биде консезуално прифатлив за сите. 

„Ние имаме донесено систем за натпреварување. Но, еве бидејќи е Ковид сезона и многу работи се нестандардни. оставаме до 15 март да се донесе предлог за системот и со овластување на УО да го прифати или одбие. Доколку нема прифатлив предлог, останува изгласаниот систем“, изјави Мукаетов. 

Металург имаше предлог за награда за Кирил Лазаров и судиската двојка Начевски - Николов што беше прифатено со акламација. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk