Мукаетов на чело на РФМ и во следните четири години

Делегатите на Ракометната федерација на Македонија денеска во рамките на редовното изборно собрание му дадоа доверба на досегашниот претседател Живко Мукаетов да продолжи да ја води федерацијата и во следните четири години. 

На собранието од вкупно 54 делегати, присутни беа 51. Сите клубови и делгати му дадоа поддршка на Мукаетов и тој беше единствениот кандидат за претседател. 

„Понатаму со сите сили ќе работиме за доброто на ракомет. Свесни сме дека има многу работи на кои им треба внимание, дека треба многу работа, особено со младите категории. Ајде заедно сите да продолжиме да работиме за доброто на ракометот“, изјави Мукаетов при потврдата на мандатот што беше верификуван со акламација. 

Собранието се одржа според строг протокол при што сите присутни во салата беа тестирани за Ковид. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk