РФМ утре избира претседател

Најуспешната спортска федерација во Македонија, Ракометната федерација (РФМ) утре одржува редовно изборно собрание, на кое ќе се додели нов четиригодишен мандат на претседател на федерацијата. 

Со поддршка од сите клубови, единствен кандидат за претседател на РФМ, на Собранието ќе биде актуелниот претседател Живко Мукаетов. 
Тој е претседател на РФМ од 2013 година, а во двата успешни мандата ракометот се зацврсти како спорт број еден во државата, машката сениорска репрезентација учествуваше на сите Европски и Светски првенства, организирани се осум големи натпреварувања во Македонија, вклучително две Светски кадетски првенства, а црешата ќе биде ставена на врвот следната година кога Македонија ќе биде организатор на Женско сениорско Европско првенство. 



Живко Мукаетов ќе биде реизбран и ќе биде на чело во следните четири години и тоа е своевидна гаранција дека ракометот ќе опстане и во овие многу покомплицирани услови и дека Ракометната федерација ќе биде успешно менаџирана и стабилна најмалку уште четири години.

Собранието ќе почне во 12:00 часот, ќе има многу строг Ковид протокол при што сите присутни во салата ќе бидат тестирани со брзи тестови за откривање на Ковид. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk