Весиќ ги построи аеродромци

Египетскиот мундијал, подоготовките на суперлигашите, последните трансфери и стартот на СЕХА, ги остави во сенка подзаборавените прволигаши кои се спремаат за Плеј оф продолжението на лигата. 




Прволигашите екипи дисциплинирано и уредно, со минимум проблеми во однос на состојбата со Ковид ја одиграа својата есенска полусезона. 
играа турнирски, имаше возбудувања и драматични натпревари, но сега ќе мораат одново, поради големата пауза да ја бараат својата форма. 
Тоа беше сметката што ја платија на Ковид 19, но најбитно ризокт беше намален, а со тоа и проблемите.

Вообичаено проволигашката приказна ја почнуваме со Аеродром. И покај четирите нови имиња во Јехона на пример, сепак, скопскиот клуб е тој што направи најтешки измени. 



Основачот на клубот и негов досегашен тренер, Дарко Петровски, се повлече од тренерската позиција и останува само на најважната менаџерска позиција од каде ќе ги влече конците. 
Довербата да ја води и развива низ тренинзи екипата ја доби Благојче Весиќ, млад стручњак соодветно образуван според стандардите на ЕХФ. Весиќ во есенскиот дел ја водеше суперлигашката екипа Јуниор Кисела Вода, потоа привремено беше заменет додека беше во изолација, а подоцна и целосно се раздели со овој исто така млад и амбициозен клуб. 

Подготовките се почнати, прволигашкиот Плеј оф ќе биде интересна приказна, иако годинава, откако многу прволигаш станаа суперлигаши, сега доаѓа делот кога лигата ќе се крати, па така годинешниот прволигашки шампион нема да има директно место во Супер лига, туку ќе мора да игра бараж меч со второпласираниот тим од Плеј аут пренството во Супер лигата. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk