Сканди финале: Данска ќе го брани златото

Репрезентацијата на Данска ќе го брани златниот медал освоен пред две години во Копенхаген во недела во големото финале во Каиро. Противник ќе и биде тимот на Шведска. 



ДАНСКА - ШПАНИЈА 35-33 (18-16)

Данска имаше коплетна резултатска контрола, од првиот до последниот момент на натпреварот, но во самиот финиш, во последниот напад, Шпанија промаши шут за нерешено. Пикерот на Адемар, Марчан, шутираше од подот во пречката и Данска со гол предност тргна во последните 20 секунди, што финално ги претвори во победа. 

Селекторот на Данска, Николај Јакобсен, стартуваше со седум на шест, а и го заврши мечот со истата тактика приморувајќи ја шпанската одбрана постојано да се адаптира. Во свој стил, со само една бековска постава го одигра целиот меч. Изненадување за Шпанците беше што во таа постава го немаше Мадс Менса Ларсен, а играше и тоа одлично играше Мортен Олсен. Новата ѕвезда, десниот бек Матијас Гидсел (4/4), одигра уште еден феноменален натпревар. Вечерва, го видовме и стариот Микел Хансен (12 гола), играч што е незадржлив и наоѓа решение во секој момент. 



Жорди Рибера имаше свој адут на средбата. Верувале или не, тоа беше Даниел Душебаев (7/10). Неверојатен е напредокот на овој играч, заедно со постариот брат на десната бековска позиција, правеа многу проблеми. Одличен меч имаше и Хорхе Македа (5 гола), па и пикерите Фигуерас и Марчан. 

Најслабите алки, уште еднаш за неверување беа голманите. Ниту еден од квартетот не се прослави, но мора да одбележиме дека во самиот финиш Ландин и даде на Данска шанса за мирен финиш. Данска не ја искористи таа шанса затоа што Варгас го одбрани шутот на Симон Халд. 

Данска имаше неосетна предност на старот на мечот, но по 15 минути влезе во ритам и две минути подоцна водеше 13-8. Пет минути подоцна беше 16-12, но следните два гола завршија во мрежата на Мелер, па Шпанија се врати во игра, а истата разлика беше и на полувреме (18-16). 
Слично беше и во вториот дел, Данска во 35 минута имаше одново плус четири (23-19), но десет минути подоцна беш 26-25. Во 53 минута Данска и по трет пат водеше со четири разлика (33-29), но уште еднаш Шпанија се врати во игра, во 58 минута бепе 33-34, по што Марчан го промаши својот зицер, па Ласе Свон во последните секунди погоди за 35-33. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk