Нексе со нов тренер против Вардар

Познатиот словенечки тренер Бранко Тамше е назначен за нов тренер на хрватскиот вице-првак Нексе. 




Банко Тамше во Нексе доаѓа на местото на Хрвоје Хорват кој ссе префрла на најважната тренерска позиција во Хрватска - селектор на машата сениорска репрезентација. 

Бранко Тамше, пак, по успешните настапи со Горење и Целје и фијаското во ППД Загреб, малку работеше во Катар и потоа тивко го снема од сцената. 
Беше секогаш споменуван во контекст кога се менуваа тренери и во Македонија, но првиот следен предизвик е Нексе. 

Во Скопје ќе го видиме веќе во понеделник, на дуел со Вардар 1961 во рамките на СЕХА Гаспром. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk