Хрватска доби нов селектор!

Многу брзо реагираше ХРС на оставката на Лино Червар. Така и мораше со оглед на тоа дека се ближат квалификациите за Олимписките игри, а тие се играат во Франција за нешто повеќе од еден месец. 




Денеска е одбран наследникот на Лино Червар. Се работи за тренер за кого одамна се шпекулираше и се чекаше да ја добие „изборничката“ палка.



Хрвоје Хорват ја доби довербата на Хрватскиот ракометен сојуз (ХРС) да ја води во иднина машката сениорска репрезентација. На маса беа имињата на три кандидати. Ивано Балиќ и Славко Голужа беа другите кандидати, но Балиќ нема потребна тренерска диплома за да ја води репрезентацијата, а во изборот меѓу Голужа и Хорват, убедливо победи младиот тренер на Нексе, за кого одамна се очекуваше да ја добие оваа улога. 




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk