ПАРОНДО: Да беше само Микел Хансен

Први на терен во елиминациите на СП излегуваат екипите на Данска и на Египет. На клупата на фараоните е некогашниот тренер на Варар, Гарсија Парондо, освојувач на втората шампионска титула.



Данските медиуми, пред мечот го прашаа Парондо, кој ќе биде играчот што ќе се обиде да го запре, алудирајќи на својата најголема ѕвезда, Микел Хансен.

„Да беше само еден што треба да се запре. Пикерите играат одлично во два правца и добро се движат, потоа тука е Хансен, па Менса Ларсен, па играчот што до лани играше во Барса, Ласе Андерсон... сите се добри, цел тим игра одлично, не знам кого попрво треба да запреме“, изјави Парондо. 


Данците, пак, како и секогаш, пред мечот најдоа нешто за да се жалат. 

„На трибините има невообичено многу волонтери. Не би се изненадиле и да има 5.000 волонтери на денешниот натпревар“


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk