ГЛЕДАЈТЕ СП: Почнува битката за медали

Светското првенство влегува во завршната фаза. До крајот на неделата ќе се одиграат сите натпревари, а разврската почнува попладнево.



Уште еден „несреќен“ избор на организаторот е што три натпревари од 1/4 финалето се играат во ист термин. Тоа ќе биде проблем за неутралните гледачи кој несомнено ќе сакаат да уживаат во секој момент, но ќе мораат да менуваат канали за да можат да „испофаќаат“ се што ќе се случува вечерва. 

Преносите ќе има на МТВ, преноси ќе има и на Арена Спорт, па вечерва резервирајте ја за врвен ракомет. 


1/4 ФИНАЛЕ НА СП
17:30  Данска - Египет
20:30  Норвешка - Шпанија
20:30  Шведска - Катар
20:30  Франција - Унгарија

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk