Фијаско на Хрватска, Катар оди во 1/4 финале

Ништо од враќањето во живот на Хрватска и славно заминување на Червар од кормилото. Вечерва, на меч со преполовената Данска што можеше да ги однесе Хрватите во 1/4 финале, доживеаја дебакл.



Место кам-бек во трка за медал, Хрватска вечерва изгледаше како Македонија на натпреварите на овој мундијал. Како таква и резултатот е во трка за неславен рекорд. Данска победи 38-26, а можеше и многу повеќе. 

Во првиот дел, на почетокот Хрватска уште и изгледаше како тим кадарен да се носи со подмладените Данци во чии редови ги немаше Хансен и Свон, а од претходно и Лауге, Мортенсен итн. 

По минус два на полувреме, почна големиот распад на Хрватска што ќе биде заокружен со официјализирањето на оставката на Лино Черва и избор на нов селектор со кој ќе почне нова ера, во која веќе нема да има кам-бек на „Маго ди Умаго“. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk