Червар се смее под мустаќ, Аргентина во солзи

По победата над Хрватска, на Аргентина и беше потребен бод против Катар. Но, поразот на Хрватска и за Катар значи шанса за 1/4 финале. И веднаш го доведоа Рафаел Капоте во тимот. 
Епилог: Можеби најдобриот меч на ова СП досега. 



АРГЕНТИНА - КАТАР  25-26 (13-12)
ШПАНИЈА - УНГАРИЈА  36-28 (21-14)

Ракометната убавица со зборови не се опишува. Аргентина танцуваше со диригентската палка на Диего Симоне и водеше 11-4. 
Двајцата ветерани Шпанци на клупата на овие две селекции, веројатно треба да размислуваат за мирните пензионерски денови, затоа што возбудувањата и нервозите што следеа не за возрасни граѓани и тие со слабо срце. 



Можеме да замислиме како полека се враќаше насмевката и кај Лино Червар затоа што Катар почна да се враќа во игра. Во тој кам бек видовме феноменални потези на Франкис Марзо и жестока битка на линијата. Аргентинците помалку претеруваа, па и си добиваа исклучувања, а Катарците пенали, па до крајот на полувремето разликата ја снема. 

Вториот дел беше драма од прв до последен момент. Аргентина  која за око игра можеби најубав ракомет на ова СП, имаше во еден период плус четири, но премногу грешки направија во брзањето. Во финишот имаше се,  се разиграа и Капоте и Симоне, фрштеа голови, убави акции, голмански одбрани и грешки на трите страни. Најмногу грешеа Аргентинците, но една грешка (според нас) на третата страна, односно чешките судии имаше и тоа како голема улога за финалниот расплет. 
Но, немаа трпение Аргентинците, во двата клучни напади направија технички грешки, па на крајот имаа само некоку секунди да нападнат за реми, а тоа не беше доволно. Победи Катар со еден гол разлика.

Сега Катар е 1/4 финалист, но вечерва играат Данска и Хрватска. Данска е без Микел Хансен. Ако победи Хрватска, тогаш тие ќе одат во 1/4 финале, а Катар ќе „извиси“. Можеме да насетиме дека Лино Червар се смешка под мустаќ додека неговата Хрватска се спрема да го обели образот. 



Шпанија многу полесно од очекувањата ја совлада Унгарија (36-28) откако комплетно доминираше на натпрварот. 
Со тоа Шпанците го одбраа тимот на Норвешка за противник во 1/4 финалето, додека Унгарија ќе игра со Франција. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk