Капитенот Лазаров со поддршка за Мукаетов

Машката репрезентација на Македонија денеска се врати во Скопје и комплетно ја заврши египетската авантура. Следниот голем и многу битен настан е Редовното изборно собрание на РФМ, ќе се одржи на 31 јануари и се очекува актуелното раководство на чело со Живко Мукаетов да добие нов четиригодишен мандат. 

Покрај поддршката од сите клубови за реизбор, поддршка стигна и од капитенот Кирил Лазаров. 

„Сакам да изразам безрезервна поддршка и одобрување за одлуката на господинот Живко Мукаетов да се кандидира за нов четиригодишен мандат на чело на Ракометната федерација на Македонија.
Под негово водство се изградивме како сериозна федерација, уште повеќе го издигнавме нашиот национален спорт и верувам дека тој процес ќе продолжи“, објави Кирил Лазаров на својот официјален профил.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk