Словенија е поразена од Египет на натпревар што од наш агол го загуби поради неколку лоши одлуки на клупата. Но, можеше да биде и понаку доколку, како што велат сите биле здрави.
Во составот на Словенија не беа Блатогиншек, Гајиќ и Скубе... Но, не само тие туку вкупно 12 ракометари биле отруени со храна.
„Тоа не беше вирозица“, стои во објавата на словенечката репрезентација. „ Тоа беше труење со храна. Играчите урлаа од болка, повраќаа и трчаа кон тоалетите како живот да им зависи од тоа“.
Не само Словенија погодена од „вироза“, тоа им се случува уште најмалку на две репрезентации. Хрватска и Данска.
Од тие причини на нивниот денешен меч нема да го видиме Микел Хансен. Барем така е најавено. За да добие приказнава поголема тежина, повеќе ноти за сила на заговор, а помалку елементи на случајност, ќе потенцираме само дека следниот противник на Египет е - Данска.

Данските судии Хансен и Мадсен се вратени назад од Светското првенство. Причината е Ковид 19, попознатиот од овој нов дански пар, Хансен покажал позитивен наод на Ковид тестот и тоа е крај за нив на Светското првенство.