Големи засилувања за Шведска и Катар

Репрезентациите на Шведска и Катар добија големи засилувања за последните натпревари од групната фаза. 



Две репрезентации добија големи засилувања пред последните и најважните за нив натпревари за пласман во 1/4 финалето. 
Репрезентацијата на Шведска која игра во групата во која е и Македонија, за последниот меч од главаната фаза во кој ќе се бори со Русија за пласман во 1/4 финалето во составот ќе го има ковид-заздравениот десен бек Албин Лагергрин (28). 
Десниот бек на Рајн Некар во Каиро дојде за да го замени повредниот Линус Персон, кој нема да може да настапи на денешната средба. 



Големо засилување добива и Катар кому се отвори шанса за 1/4 финале откако Аргентина ја совлада Хрватска. Сега Катар доколку ја победи Аргентина, а Хрватска загуби од Данска, ќе игра во 1/4 финалето. 
За оваа средба во тимот на Катар е пријавен играч што досега не беше во тимот на СП - Рафаел Капоте, кубанскиот лев бек кој сега ќе направи тандем со уште еден Кубанец, Фанкис Марзо и ќе бидат сериозно голем проблем за Аргентина. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk