Хрватскиот ракометен сојуз доби лоши вести од Барселона.
Докторскиот тим на Барса го извести Хрватскиот ракометен сојуз дека Лука Циндриќ нема да може да се врати назад во Каиро и да и помогне на Хрватска во битката за медал.
Лука Циндриќ има повреда на адуктор и ќе треба 15 дена за да се рехабилитира доволно за да може да се врати нормално во тренажен и натпреварувачки дел.
Повреда што не е сериозна, но е доволно сериозна за да го оддалечи од мундијалот во Египет.