Хрватска и Данска навиват, Норвешка испаѓа од игра

Норвешка на СП дојде како еден од најголемите фаворити за златен медал. Но, можеби нема воопшто ни да се бори за медал. 




Норвешка утре ќе го игра својот натпревар со Исланд за пласман во 1/4 финалето. Веројатно ќе победи и потоа ќе стиска палци и ќе навива за Франција која игра со Португалија. 
Французите се лоши на ова СП, лоши беа и кога играа со Србија на почетокот на јауари... 
Ако утре Португалија ја совлада Франција, а сме виделе неколкупати дека знаат како се прави тоа и притоа да не победат со повеќе од 6 разлика, тогаш од 1/4 финалната битка испаѓа Норвешка. Тие ќе имаат најслаб скор меѓу екипите. 



Хрватска и Данска, пак, во пресрет на меѓусебниот дуел, си одработуваат со неевропски екипи и чекаат разврска, кој ќе игра со Шпанија, а кој со Унгарија. Под услов Унгарија денеска да ја победи Полска

Денеска играат:
15:30  Катар - Бахреин
15:30  Уругвај - Шпанија
18:00  Аргентина - Хрватска
18:00  Полска - Унгарија
20:30  Јапонија - Данска (Начевски - Николов)
20:30  Геерманија - Бразил

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk