Собранието на РФМ според најстрог протокол

Редовного изборно Собрание на РФМ е закажано за 31 јануари. Ќе се одржи во предвидениот термин, со физичко присуство на делегатите, а за да мине во ред, ќе бидат спроведен посебен протокол. 



Собранието ќе се одржи во „Александар Палас“, на пладне. РФМ повика сите делегати што имаат право да присуствуваат да бидат дел од настанот да бидат во хотелот најмалку еден час пред почетокот на собранието. 

Сите присутни ќе бидат тестирани за Ковид 19 пред да влезат во хотелот. Носење на маска на лицето ќе биде задолжителна за сите освен за тие што ќе зборуваат на бината, додека зборуваат. 

Собранието ќе има 12 точки на дневен ред. Првите седум се главно формирање на комисии што ќе го водат состанокот и извештаи за досегашната работа. 
Осмата точка предвидува утврдување на кандидати за претседател. Во деветтата точка кандидатите накратко ќе ја објаснат својата програма и под точка десет ќе биде избор на претседател на РФМ. 

Се очекува мирно собрание на кое досегашниот претседател Живко Мукаетов одново ќе се кандидира и извесно ќе остане на кормилото на РФМ и во наредните четири години. 








 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk