Сменети и селекторите на Чешка

Селекторското дуо Јан Филип и Даниел Кубеш се новите жртви на масовните оставки во чеката федерација. 



Јан Филип и Даниел Кубеш ја водеа сосема успешно репрезентацијата на Чешка од 2014 година наваму. Успеаја да се пласираат на ЕП 2020, беа одлично пласирани на највисокото за нив шесто место, беа во вториот круг и на ЕП 2020, се пласираа и на СП што го чекаа шест години. 
Но, не отидоа на СП.
Минатата година потпишаа тригодишен договор, што како што стојат работите нема да биде реализиран докрај. 



Анализите во чешкиот тим покажаа дека се работи и за грешки и лоши информации по кои се донеле погрешки одлуки што на крајот резултирало со откажување од настап на мундијалот. 

Поради тоа претседателот и два члена на УО задолжени за репрезентациите поднесоа оставки, а смената ги зафаќа и селекторите, вели чешкиот весник Иднес, иако на официјалната страна засега се потврдени само оставките на врвот на федерацијата. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk