Пешевски: Ќе бидеме и подобри, сакаме да одиме напред

Полесно се дише во македонскиот табор по првата мундијалска победа. Во моментов со еднаква важност како победата е и прекинувањето на низот и можноста поразите да станат серија Веруваме психолошки оваа победа ќе значи многу, не чекаме чуда против следните противници, но барем да не ни се повторат Шведска и особено Египет. 




„Одигравме добро против Чиле, репрезентација со која се подготвувавме пред СП. Нашата форма ќе станува подобра како се што ќе  се развива првенството, иако сега не очекуваат три тешки меча против Белорусија, Словенија и против Русија.
Сакаме и со нив да одиграме добро и решени сме да стигнеме што е можно подалеку“, изјави Жарко Пешевски, кој  и денеска како и на скопските натпревари беше незадржлиц за Чилеанците, патем беше стрелец на пет гола.



Јунак на денешниот меч слободно може да биде и Никола Митревски, голманот кој имаше најмалку 14 интеревенции на денешната средба: 
„Мора да се подобриме за следните натпревари и да го дадеме најдоброто од нас. Одигравме добро, во исклучително тежок меч, сакам да им честитам на соиграчите за победата. Да се надеваме дека ќе продолжиме вака и во главната фаза“, истакна голманот Никола Митревски.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk