Лука Циндриќ, поранешниот ракометар на Металург и Вардар, веќе нема да го видиме на мундијалот во Египет. Тој веќе е на пат за Хрватска.
Лука Циндриќ на натпреварот со Јапонија ја обновил повредата со која подолго време има проблем и веќе нема да може да и помогне на хрватската репрезентација.
Циндриќ веќе е на пат за Хрватска, а најверојатно ќе биде заменет со Јанко Кевиќ.
За малерозниот Циндриќ ова е трето големо натпреварување по ред на кое се повредува. На СП Германија се повреди во првиот круг, на ЕП Австрија не можеше да игра во финалето и сега одново, по само еден одигран меч е аут.