Добро е! Затоа што полошо веќе не може

МАКЕДОНИЈА - ЕГИПЕТ 18-39 (6-20)




Допрено е дното на репрезентативниот ракомет. И тоа е добрата вест. Полошо од ова вечерва - не може. Следен е Чиле, двапати го победивме во Скопје, но сега не би се обложиле на оваа група момци ниту со денар, за ништо. 

Македонија - Египет 6-20 на полувреме, 18-39  на крајот. Египет доминираше на средбата, поведе со 6-3, па 10-3, натаму резултатот само се зголемуваше. По 18 минути игра и Филип Кузмановски отиде на трибини поради директен црвен картон, за фаул што беше на граница и не можеме да им замериме на Французинките дека го досудија. Понатаму, продолжи изразена доминација на Египет, а на македонсиот тим и беше доделена улогата што вообичаено ја играат екипи како Уругвај, Капе Верде, Чиле... Извинете, ама немаме подетален извештај за денеска. Немаме што да ви кажеме, а што самите не го видовте. И да се обидеме, бројките ќе го победат сето тоа што би сакале позитивно да го издвоиме. Негативно? Ќе имате и така можност да видите каде и да се свртите. 


Добро е. Добро  затоа што полошо - не може. Доживеавме судир со реалноста. Ќе има анализи, ќе анализираме и ние. Фактот дека резултатите на клупски план и клупските интереси извесно време наназад станаа поважни отколку репрезентацијата и македонскиот ракомет на светска сцена земаа данок. И ќе земаат, ова е само почетокот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk