Капе Верде го распаѓа СП!

Дебитантот на СП е најголемата закана за мундијалот. ИХФ им дозволи да играат иако се знаеше дека имаат позитивни во тимот и сега тоа се враќа како бумеранг. 



Дебтитантот на СП, репрезентацијата на Капе Верде е најголемата опасносто по Светското првенство. ИХФ маш храброст да им сугерира на Чешка и на САД да се откажат од настап, но им дозволи на Капер Верде иако имаа 10 позитивни, да играат. 



Капе Верде имаше 10 позитивни (6 играчи и 4 стручен штаб) пред да дојде во Каиро. Потоа играа со Унгарија. Потоа на новото тестирање имаа уште двајца позитивни и останаа само со девет играчи. Според пропозициите на ИХФ за да се одигра натпревар, екипата мора да има 10 играчи од кои најмалку еден е голман. 

Средбата Капе Верде - Германија не само што е неизвесна, туку извесно нема ни да се игра. Прашае е сега колку од Унгарците закачиле од вирусот додека играле со Капе Верде и како натаму ќе се шири вирусот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk