Салата во Чехов ќе се вика „Владимир Максимов“

Голема чест за рускиот тренер. Наскоро репрезентативниот објект во Чехов ќе го носи неговото име.




Најпознатиот руски тренер во 21 век, Владими Максимов добива голема чест од Русија за неговата работа во полето на спортот, конкретно ракометот. 

Салата во репрезентативниот спортски објект „Олимпискиј“ во Чехов ќе се вика „Владими Максимов“. Процедуарата за преименување на објектот е во финалната фаза и наскоро свечено ќе биде реализиран чинот. 

Максимов како играч беше освојувач на златен медал на ОИ Монтреал, а како тренер е освојувач на ЕП; СП и ОИ и единствен заедно со Клод Онеста што има вакво остварување во машкиот ракомет. Творец е на проектот Чеховски медведи каде се уште активно работи како тренер. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk