ДЕФИНИЦИЈА ЗА ХАОС: Алжир - Мароко!

АЛЖИР - МАРОКО  24-23 (8-15)



Хаос има нова дефиниција. Се вика Алжир - Мароко. Дуелот на лутите африкански ривали е нешто што не се опишува со зборови. 
Ќе се обидеме во кратки црти.
Мароко доминираше од првата до 45 минута и имаше седум гола предност на полувреме. На натпреварот имаше 18 мин исклучување за Мароко, 12 за Алжир. Мароканците имаа 3 црвени картони за по 3 исклучувања. Ако не прашуавате нас, на оваа средба требаше да има барем 5 директни црвени картони. 



Алжир почна неверојатен кам бек и ја доведе средбата во неизвесен финиш. Ако рускиот селектор на женското ЕП доби отказ пред последниот меч, селекторот на Мароко требаше да го избркаат среде натпревар. 

На минута и пол до крајот, при водство на Мароко од еден гол разлика и посед на топка, при исклучен играч реши да игра без голман. Прими два гола на празен гол и го загуби натпреварот. 

Toa e во кратки црти епилогот на натпреварот што ќе биде во најтесна конкуренција за најинтересен натпревар на Светското првенство. Случките од 45 до 60 минута, едноставно, мора да се гледаат за да се има слика што се случи на оваа средба. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk