Данска ТВ: Нема кој не сака да го гледа Лазаров

„Во Египет, сме. А овде добро знаат што значи крал или претседател. На Светското првенство доаѓаат два крала, Кирил Лазаров и Анди Шмит. Ракометните фанови сигурно ќе уживаат во ова“, вели најповиканиот дански експер, Бент Нигард, стручен коментатор на ТВ2. 



„Шмит е пратен од бога, а нашиот добар пријател Лазаров е еден од најдобрите во играта. Ова е награда за мундијалот, иако позадината на нивното доаѓање е лоша. 
Лазаров е на залезот, но дури и на залез нема кој не сака да го гледа. Со нетрпение чекам да гледам секогаш кога е на терен, затоа што тој има нешто што малкумина уште го имаат. Технички е така подготвен шутер што топките секогаш завршуваат во најнезгодниот дел за голманите. И тоа го прави цели 20 години. Тоа е за длабока почит. Кога има добар ден, може да ја извади од такт секоја репрезентација“, напиша Нигард во својот извештај за ТВ2. 


И покрај ова, ТВ2 експертот смета дека Македонија, а и Швајцарија нема далеку да стигнат на СП. 
„Играат за два тима што нема да играат улога во големата слика. Но, доволно е само да се споменат Лазаров и Шмит, и тоа прави да се чувствувате добро. Веднаш низ мислите ми прелетуваат мислите за убава ракометна приказна“. 

Кирил Лазаров, единствениот ракометар што играше на последниот мундијал во Египет, во 1999 година како дебитант, сега го игра (можеби) последното Светско првенство. Се уште е недостижен по бројот на голови постигнати на едно првенство, рекорд што сериозно ќе биде предизвикан почнувајќи од СП Египет, првото првенство на кое има 32 репрезентации, осум повеќе од досега. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk