Нов удар за СП: Кореја дојде со јуниорски тим во Каиро!

Светското првенство како ракометен настан е претворен во боксерска вреќа која трпи удари од сите страни. 



Светското првенство како круна на ракомените натпреварувања годинава е претворено во боксерска вреќа во која удираат сите кој како стигне, со се помала почит кон спортот со кој се занимаваат. 

Најновиот удар доаѓа од Далечниот исток. Јужна Кореја за која многу малку се знаеше и зборуваше, на мундијалот дојде со јуниорска репрезентација. Ракометари родени 1998 и помлади!

Првиот тим на Јужна Кореја е на подготовки за квалификациите за Олимписките игри во Токио. Поради ковид протоколите и стравот од Ковид, Јужна Кореја не го испрати тој тим на Светско првенство. Место него, рековме ќе играат нивните јуниори. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk