Гледајте денеска на СП: Македонија на терен, Франција против Норвешка...

По вчерашниот премиерен натпревар на Светското првенство меѓу домаќинот Египет и репрезентацијата на Чиле, денеска во залет влегува мундијалот. Македонија е на терен, игра против Шведска во 20:30 часот. Денот е одбележан со дерби натпревари. 



Франција и Норвешка ќе бидат во фокусот на светската ракометна јавност вечерва. За жал нивната средба се игра истовремено со натпреварот Македонија - Шведска, а и уште една необична пресметка е во исто време, играат Португалија и Исланд. Оваа пресметка е необична затоа што минатата недела овие два тима играа во квалификациите за ЕП 2022. Во Португалија победија Португалците, на Исланд победија Исланѓаните. Сега е ред на мајсторката. 



Франција и Норешка, сепак, е мечот на денот за сите што од неутрален агол го гледаат мундијалот или пак не се викаат Македонија, Шведска, Португалија или Исланд. 
Французите двапати се срамотеа во квалификациите за ЕП на дуелите со Србија. Дали тактизираа или навистина во нив веќе нема елан, мотив и сила ќе видиме денеска.


1 КОЛО:
Египет - Чиле 35-29 (18-11) - Група „Г“
Денеска играат: 
15:30  Белорусија - Русија (Група „Х“)
18:00  Алжир - Мароко (Група „Ф“)
18:00  Австрија - Швајцарија (Група „Е)
18:00  Словенија - Ј. Кореја (Група „Х)
20:30  Норвешка - Франција (Група „Е)
20:30  Македонија - Шведска (Група „Г“) - МРТВ 
20:30  Португалија - Исланд (Група „Ф)
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk