Ѕвезди што го пропуштаат СП Египет

Веќе петнаесетина години пред старт на шампионат составуваме список на кој се наоѓаат ракометари што нема да ги видиме на мундијал. Поради повреда, отказ или едноставно отпишани или откажани. Никогаш овој список не бил вака богат.



Ковид сезоната на големо кумуваше многу играчи да се откажат од настапот за својата репрезентација на СП. Редовно има извесен број на повредени, играчи што отпаднале од списокот, некои што се откажале од репрезентацијата. Кога сите ќе ги собереме, СП Египет е рекордер по бројот на познати имиња што нема да ги видиме. 

Кирил Лазаров и Анди Шмит се подарок за СП и за ракометните фанови. Двете легенди како резервисти доаѓаат на СП и малку ќе ја поправат сликата. Но, погледнете кои се играчи нема да играат:



Македонија: Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Велко Маркоски
Франција: Никола Карабатиќ, Елохим Пранди
Германија: Франц Цемпер, Патрик Винцек, Хендрик Пекелер, Јаник Колбахер, Матијас Муше, Тим Сутон, Штефан Вајнхолд, Фабијан Виде, Фин Лемке, Кристијан Дизингер, Себастијан Хејман
Русија: Тимур Дибиров, Глеб Калараш, Александар Шкуринскиј, Павел Атман, Димитри Санталов, Олег Грамс, Димитри Ковалев, Михаил Виноградов,
Белорусија: Борис Пуховски, Максим Баранов, Глеб Хабруз, Димитри Кималков, Матсвеј Удавења, Димитри Смолков
Данска: Расмус Лауге, Ханс Линдберг, Михаел Дамгард, Ласе Мелер, Јаник Грин, Николај Маркусен, Хенрик Тофт Хансен, Каспер Мортенсен
Шведска; Лукас  Нилсон, Андреас Нилсон, Јеспер Нилсен, Никлас Екберг, Линус Арнесон, Антон Линдског, Симон Јепсон, Јери Толбринг, Микаел Апелгрин, 
Исланд: Хаукур Трастарсон, Арон Палмарсон, Стефан Сигурмансон
Бразил: Тјагуш Петруш, Да Силва, Габриел Серета
Норвешка: Магнус Гилеруд, Магнус Род
Хрватска. Лука Степанчиќ, Шиме Ивиќ, Домагој Павловиќ
Словенија: Гашпер Маргуч, Марко Безјак
Полска: Камил Шипжак, Павел Пачковски
Унгарија: Патрик Лигетвари
Тунис: Амин Банур, Марван Чуреф, Осама Бугами, Камел Алуини, Осама Хосни, 
Австрија: Никола Билик, Јанко Божовиќ, Раул Сантос, Александер Херман, Фабијан Пош
Шпанија: Хулен Агинагалде, Едуардо Гурбиндо
Катар: Јусеф Банали, 
Швајцарија: Лукас Местер, Димитриј Кутел
Капе Верде: Леандро Самедо + 6 ковид позитивни


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk