E. Пелистер доведе „капиталец“

Е. Пелистер во сенка на првиот ден на мундијалот, го претстави своето ново засилување. И тоа не какво било.



Битолчани од денеска се многу посериозен кандидат за шампионската титула во Македонија. На премерниот ден од мундијалот во Египет, за свое прво засилување во 2021 го претставија Карим Хендави, голманот на Египет. 

Иако голманите им беа доби и во досегашниот дел од сезоната, уште многу одамна се зборуваше дека Е. Пелистер бара голман, но не „какво било“ засилување. И доведоа опасно име. 

Карим Хендави бранеше за Бешикташ, а со него непријатно искуство има Металург од тоа време. Потоа замина во Романија, во Констанца. 

Во Битола ќе има шанса да се покаже. Особено кога ќе дојдат на ред дуелите со Вардар и битката за шампионската титула што најверојатно ќе се води еден на еден со Вардар. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk